сабота, 27 јули 2024

Во притвор осомничен за убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија

Објавено на

часот

Сподели

Автомобилот ауди неофицијално бил со потекло од Словенија, но бил увезен во Урошевац, Косово. Убијците наводно ја купиле колата од автоплац во косовскиот град.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на 31.05.2023 година, постапувајќи по предлог на ОЈО – Скопје, го прифати предлогот и на едно лице му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство од чл. 123 од КЗ.

Двојното убиство во локалот „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи на 6 март.

Четворица мажи облечени во црна облека и маскирани со фантомки влегле во барот, најпрвин претставувајќи се како полицајци и извикувајќи „рација“, се качиле на вториот кат од локалот и почнале да пукаат. Испукале 40 до 50 куршуми во главите и телата на двајцата убиени и уште една жртва.

По убиството беше најдено запалено ауди, а покрај него беа оставени само лажни регистерски таблички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ