сабота, 27 јули 2024

Во притвор е мажот кој во битолско казино запалил шест апарати за игри на среќа (ВИДЕО)

Триесет и пет годишен маж е во притвор откако во саботата вечерта во казино во Битола  истурил бензин врз неколку апарати за игри на среќа и ги запалил.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за маж од селото Доло Оризаре против кого Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за кривичното дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

„На 2 март, во вечерните часови, осомничениот влегол во казино на улицата Лазо Трповски во Битола, се качил на катот од објектот каде што имало и други лица, па истурил бензин врз шест слот-машини и ги запалил. Со тоа предизвикал пожар кој зафатил дел од инвентарот и предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето и по имотот од големи размери.

По предлог од надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола определи мерка притвор во траење од осум дена за осомниченото лице“, соопшти обвинителството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ