недела, 20 октомври 2024

Во Прилеп за 40% е намален бројот на првачиња

Објавено на

часот

Сподели

Гоце Бумбароски, советник за млади при прилепската локална самоуправа и одделенски раководител во прилепското ОУ „Кочо Рацин“, вели дека според искуството, очекуваат до 1 септември и други родители да стигнат за упис на своите деца, но состојбите се загрижувачки.

„Состојбите се загрижувачки. Од списокот на деца во општината кои се на возраст за упис во прво одделение, а тој брои 802 деца, до официјалниот рок се запишани 480. Тоа е повеќе од една третина или 40 насто помалку запишани првачиња. Секако, според искуството, родителите доаѓаат за упис и до 1 септември, но тоа е мал процент, можеби 10 до 20 насто. Има пример во едно основно училиште, од планираните 190, запишани се 50-ина“, изјави Бумбароски.

Ахил Јаков, директор на прилепското основно училиште „Климент Охридски“ кое има околу 780 ученици, анализира дека последните години постојано се намалува уписот на првачињата.

„Пред три години имавме запишани 90 првачиња, лани беа 80, а оваа година во официјалниот рок се запишаа околу 50. Ова сите нѐ загрижува“, вели Јаков.

Главната причина надлежните ја посочуваат во иселувањето.

„Како и досега, и сега велам дека главна причина е миграцијата, која во последно време зема замав. Иако некои родители допрва ќе ги запишат децата, останува главниот проблем во миграцијата“, вели советникот за млади при Општина Прилеп, Гоце Бумбароски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ