сабота, 27 јули 2024

Во Прилеп уапсени четири лица за неовластена трговија со девизи

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на оперативниот план ‘Безбедно лето 2023’, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, во соработка со инспектори од Државниот девизен инспекторат, извршиле контрола на подрачјето на град Прилеп, со цел откривање на кривични дела од Законот за девизното работење.

При контролата биле затекнати 4 лица кои неовластено вршеле размена на странски и домашни валути со други лица. Притоа, М.Т.(61), Ј.К.(65), С.Ѓ.(53) и В.М.(67), сите од Прилеп, биле лишени од слобода, поради сомнение за извршено кривично дело ‘неовластено продавање или купување готовински странски и платежни средства и чекови’ и кај нив се пронајдени и привремено одземени вкупно околу 1.545.097 денари во различни валути. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Прилеп“, се вели во соопштението на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ