понеделник, 21 октомври 2024

Во Прилеп денеска е ден на жалост

Денешниот ден, петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на тројцата здравствени работници кои вчера изутрина загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола. Во несреќата загинаа, радиологот примариус д-р Александар Ристески, гинекологот Никола Василески и Фанче  Јованоска, радиолошки технолог.

Објавено на

часот

Сподели

Советот на општина Прилеп одлуката ја донесе синоќа на вонредна седница.

Денеска знамињата во Општината се истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации се одложени, а угостителските објекти ќе емитуваат сериозна музика.

„Прилеп и Македонија загубија врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе,  посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава  на прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол“, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески по донесувањето на одлуката на Советот за денешниот ден, петок, 4 октомври, да биде ден на жалост во Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ