Искра Росо за Радио слободна Европа (РСЕ) вели дека добила забрана за влез во Србија за една година како дел од мерките за „заштита на безбедноста на Република Србија, со кои е утврдено дека престојот на именуваната државјанка на Северна Македонија претставува неприфатлив безбедносен ризик во Република Србија“.
Русо вчера поднела барање во македонското Министерство за надворешни работи (МНР) во кое бара објаснување од српските власти за причините за протерувањето. Од македонското МНР најавија дека ќе излезат со реакција во текот на денот.
Загреб веќе испрати протестна нота до Белград и им препорача на своите граѓани да ги одложат патувањата во Србија.