Како што информира АМСМ, на клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи.
Се преземаат мерки за расчистување. На терен се тим од полициската станица ПС Градско и екипа со механизација којашто работи на испумпување на водата и расчистување на патот.