сабота, 27 јули 2024

Во пожарот кај Вешала уништена е голема површина на букова шума и пасишта

Голема површина на букова шума и пасишта се уништени од шумскиот пожар кој што вчера избувна на шар планинското подрачје, по што штетите се големи. Локализирани се два краци од пожарот, но не е целосно.

Објавено на

часот

Сподели

Од националниот парк Шар Планина велат дека поради ветрот пожарот е проширен на повеќе страни.

„Пожарот е многу проширен на три страни, неколку десетина хектари се опожарени. Има изгорени и пасишта, букова шума и заемјоделски ниви од село Вешала“, информираат од Национачниот парк Шар Планина.

Екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово се отидени на терен за гаснење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира.

„Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола, како и повеќе вода на располагање за тетовската пожарна“, наведуваат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ