сабота, 27 јули 2024

Во пожар во забавен парк во Индија загинаа 27 лица (ВИДЕО)

Дваесет и седум лица, меѓу кои девет деца загинаа во пожар што избувна вчера во забавен парк во западна Индија, соопшти денеска полицијата. „Потврдивме смрт на 27 лица во пожарот“, изјави индиската полицајка Радика Бхараи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Децата кои загинаа биле на возраст под 12 години, додаде таа. „Телата се карбонизирани и тешко се препознаваат, што ја отежнува идентификацијата“, објасни Бхараи.

Повеќе од 300 луѓе се наоѓале во двокатна аркада во забавниот парк ТРП кога избувнал пожарот, изјави Илеш Кер, офицер на противпожарната служба во Рајкот, државата Гуџарат.

Премиерот Нарендра Моди изјави дека е исклучително погоден од несреќата. Локалните власти соопштија дека четири лица се уапсени на сослушување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ