четврток, 26 декември 2024

Во пожар во станбена зграда во Кина загинаа 15 лица, повеќе од 40 се повредени (ВИДЕО)

Петнаесет лица загинаа, повеќе од 40 се повредени во пожар што зафати станбена зграда во источна Кина, соопштија локалните власти. Снимките на социјалните мрежи покажаа пламен и облаци од црн чад како проголтуваат неколку ката од облакодер во градот Нанџинг.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Официјални лица изјавија дека пожарот избувнал на првиот кат од зградата, каде што се чувале електрични велосипеди, но точната причина за пожарот останува под истрага. Зградата се наоѓа во областа Јухутаи во Нанџинг, град со повеќе од осум милиони жители кој се наоѓа на околу 260 километри северозападно од Шангај.

Екипите за итни случаи првпат добиле извештаи за пожар во петокот во 4:40 часот, соопштија властите утринава. На интервенција биле испратени 25 противпожарни возила и 130 пожарникари, а пожарот бил изгаснат во 06:00 часот. Акцијата за пребарување и спасување заврши околу 14 часот.

Од 44 повредени лица испратени на лекување во болница, еден е во критична состојба, друг е тешко повреден, соопштија официјални лица. На прес-конференција, градоначалникот на Нанџинг, Чен Жичанг, изрази сочувство и им се извини на семејствата на жртвите.

Фотографиите од воздух од облакодерот објавени вчера по гаснењето на пожарот покажуваат некои станови долж целата зграда со поцрнети фасади.

Во Кина често се случуваат пожари и други фатални несреќи поради слабото спроведување на безбедносните стандарди. Неодамнешниот бран на смртоносни пожари низ целата земја го поттикна претседателот Си Џинпинг минатиот месец да повика на „длабоко размислување“ и поголеми напори за „спречување на честата појава на безбедносни несреќи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ