петок, 25 октомври 2024

Во последното деноноќие во ЦУК пријавени 23 пожари, два од нив се сѐ уште активни

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка нешто пред 8 часот е примена информација за пожар кај село Крлља, Општина Крива Паланка. На местото на пожарот е упатена екипа од 3 пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило.

„Во 8 часот за гаснење на пожарот во село Кркља, е упатена и екипа од 4 лица со едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ – подружница Осогово од Крива Паланка во состав. Инаку, денеска сѐ уште е активен пожарот од вчера, во Општина Прилеп, запалена е сува трева и нискостеблеста деградирана шума. Инаку, заради брзото ширење на пожарот беше интервенирано со 3 авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) што направиле по два прелета“, информираа од ЦУК.

Од останатите пријавени пожари изгаснати се пет пожари во Куманово, два во Прилеп и по еден скопските општини Сарај, Бутел и Аеродром, како и во Демир Хисар, Охрид, Македонски Брод, Дебар, Виница, Штип, Пробиштип, Тетово, Гостивар и Липково.

Според информациите на ЦУК гореле сува трева, нискостебелеста деградирана шума, ѓубре, запалено стрниште…

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ