сабота, 27 јули 2024

Во последниот квартал од 2023 година се родиле помалку бебиња од 2022 година

Бројот на живородените деца во земјава во четвртото тримесечје од 2023 година изнесува 4.185 и во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4.5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани е 5.028 лицa, што е за 1.5 отсто помалку од 2023 година.

Природниот прираст е негативен – 843 лица, што значи за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 2.824 бракови, за 1.6 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2022 година

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ