„Во посета на нашата општина заедно со нашиот пријател Џенгиз Балкан, беа и негови соработници, со кои имавме срдечна средба и разговор. Имаме одлична соработка со општина Јунусемре, која резултира со заемни посети на официјални лица и фолклорни групи, a во наредниот период се надеваме и на уште поголема соработка, особено во насока на обезбедување турски инвестиции“, информираше градоначалникот Медат Куртовски.
Додаде дека гостинот, всушност е дома, во крајот од каде што е неговото потекло.
„По потекло е од нашиот крај, по татко од селото Болетен, а по мајка е од селото Велебрдо. При оваа посета му ја исполнивме големата желба да ги посети нивните родни места“, рече Куртовски.
Џенгиз Балкан претходно три мандати бил градоначалник на општината Кучуккоју, Чанаккале.