сабота, 27 јули 2024

Во Полска се уапсени девет лица поради саботажа во име на Русија

Полска уапси девет лица во врска со саботажа извршена низ Полска по наредба на руските служби, изјави вчера вечерта премиерот Доналд Туск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Варшава тврди дека поради својата улога како центар за снабдување на Украина Полска стана клучна цел за руското разузнавање и ја обвинува Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.

„Досега уапсивме девет осомничени и обвинети за учество во саботажа во Полска директно во име на руските служби“, изјави Туск за приватната ТВН24.

Ова вклучува тепање, подметнување пожар и обид за подметнување пожар. Тој рече дека Полска соработува со своите сојузници во ова прашање и дека операциите имале влијание и врз Литванија, Латвија, а можеби и Шведска.

Туск претходно овој месец изјави дека Полска ќе додели дополнителни 100 милиони злоти (23,5 милиони евра) на своите разузнавачки служби поради руската закана.

Во април, две лица беа уапсени во Полска под сомнение дека го нападнале Леонид Волков, главен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, во егзил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ