сабота, 27 јули 2024

Во полициска акција приведени две лица, пронајдени 25 парчиња оружје

Во полициска акција во Битола и околината приведени се две лица, кај кои вкупно се пронајдени 25 парчиња разно оружје.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино ,битолско. При извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.

д

При претрес во с.Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од с.Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривична пријава“, се вели во соопштението на МВР.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ