сабота, 27 јули 2024

Во Појасот Газа стигна најголемиот хуманитарен конвој од 7 октомври

Објавено на

часот

Сподели

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања во петокот навечер објави дека за време на прекинот на огнот што е во сила од петокот наутро, ОН успеале да ја зголемат испораката на хуманитарна помош во Газа.

Наведено е дека во петокот во Појасот Газа биле испорачани 129.000 литри гориво и четири камиони со гас.

„Стотици илјади луѓе добија помош со храна, вода, медицински материјали и други хуманитарни предмети од суштинско значење“, се вели во соопштението.

Се додава дека 21 пациент во критична состојба се евакуирани од северот на Појасот Газа.

Засега не е познато каде се евакуирани тие пациенти, пренесува Си-ен-ен.

Обединетите нации го поздравија ослободувањето на 24 заложници од Појасот Газа и повторно повикаа на „итно и безусловно ослободување на сите заложници“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ