Согласно вака воспоставената пракса на Европскиот суд за човекови права, ги охрабруваме националните судови по примерот на Основниот граѓански суд во Скопје, секогаш да ги заштитуваат правата на маргинализираните и ранливите граѓани, како што се сексуалните работници, а особено кога правата се прекршени од страна на институциите кои треба да ги заштитат. Ги повикуваме надлежните институции во разумен рок да ја спроведат одлуката на Европскиот суд за човекови права и конечно правдата да стигне до овие ранливи жени.
Бараме хуман и еднаков третман од страна на државата базиран на принципот на почитување на човековите права, загарантирани со законите и Уставот.
Бараме почитување на нашите човекови права, основни слободи и достоинство согласно меѓународните конвенции и декларации за чoвeкoвитe прaвa, ратификувани од страна на Македонија.
Бараме да се почитува правото на приватност на сексуалните работници како и за сите други граѓани, согласно Законот за заштита на личните податоци.
И, секако повикуваме на декриминализација на сексуалната работа, како единствен модел кој обезбедува достоинствено почитување на човековите права и слободи на сексуалните работници во едно демократско и праведно општество“, се вели во соопштението.