среда, 23 октомври 2024

Во петок и сабота во Скопје авионско прскање против комарци

Од Град Скопје информираат дека во петок и сабота, во раните утрински часови ќе се прска против комарци.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин“, соопштија од Град Скопје.

Се советува пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ