сабота, 11 јануари 2025

Во Пелагонија досега откупени над 20.000 тони тутун

Откупот на тутунот е при крај, Досега се преземени преку 20 илјади тони по просечна цена од речиси 400 денари. На терен, главно во прилепско-пелагонискиот регион за откуп остануваат уште околу 1.000 тони. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат дека откупот ќе заврши за 15-тина дена, иако законскиот рок е до крајот на февруари.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Откупот на тутунот ќе заврши далеку порано од законскиот рок, 28 февруари. Со ова темпо, се надеваме дека ќе заврши за 10 до 15 дена. Според последната информација, досега се откупени околу 20.000 тони тутун по просечна цена од околу 400 денари. Значи, на терен има 700 до максимум 1.000 тони. Тој тутун е во овој Прилепско-пелагониски регион, во Долненско, Крушевско, а во источниот регион веќе преку 90 проценти е откупен родот.  Со родот сме пријатно изненадени. Нашите предвидувања беа околу 17.000 до 18.000 тони. Условите за берба во септември и октомври се продолжија“, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

За новата производствена реколта веќе се почнати преговори со компаниите. Начелно се говори за идните договори, а ќе дојдат на ред и цените. Преокупацијата е за цените и почитувањето на Законот за тутун.

„Преокупација ќе ни биде, секако цената и нема да дозволиме да биде пониска од годинашната. И да се плаќа квалитетот. Ќе бараме целосна примена на законот за тутун“, нагласува Ристески.

Според Џемал Назифоски, тутунопроизводител од Крушевско состојбите во производството се задоволителни и тоа ќе опстои.

„Како производител на тутун со 3.000 килограми сум задоволен од цената на тутунот, од субвенциите и мислам дека ќе продолжи оваа динамика на одгледувањето тутун. Тоа ќе го зголеми интересот кај младите“, вели Назифоски.

Во Македонија има преку 20.000 семејства кои се занимаваат со тутунопроизвоство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ