сабота, 27 јули 2024

Во Париз од 2025 година ќе биде дозволено пливањето во Сена, за прв пат по 100 години

Објавено на

часот

Сподели

Таа спомена три места кои ќе бидат отворени за јавноста, воден центар кој веќе делумно е во употреба, како и два други базени недалеку од Ајфеловата кула.

Местата за капење ќе бидат означени со пловци и достапни преку пристаништа. Ќе бидат обезбедени соблекувални и тушеви, соопштија од градот.

Можноста повторно да се капат во Сена е долгогодишна желба на парижаните.

Пливањето во Сена беше официјално забрането во 1923 година поради лошиот квалитет на водата, но продолжи да се практикува до почетокот на 1960-тите.

Проектот е поттик за Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година. Некои од натпреварите во пливање ќе се одржат во Сена.

Во тек се големи напори за подобрување на квалитетот на водата. Градот вели дека веќе има инвестирано до 1,4 милијарди евра за да ја направи Сена почиста за пошироката област на Париз.

„Ова е долгогодишен сон и е на добар пат конечно да стане реалност“, соопштија од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ