сабота, 27 јули 2024

Во Париз 2.000 луѓе на протест против полициското насилство, и покрај забраната (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите мирно се собраа на Плоштадот на Републиката во Париз, во спомен на Адам Траоре, кој почина непосредно по апсењето во јули 2016 година.

Тој митинг беше забранет од париската полициска префектура поради ризикот од нарушување на јавниот ред и мир, како и недостигот од полиција мобилизирана да спречи немири.

Сестрата на жртвата, Аса Траоре, која стана позната личност во борбата против полициското насилство, одржа говор на собирот, на кој присуствуваа претставници на опозицијата, особено на радикалната левичарска партија Франција непокорена на Жан-Лук Меланшон.

„Маршираме за младите, за да го осудиме полициското насилство… Франција не може да дава морални лекции бидејќи нејзината полиција е расистичка и насилна“, рече таа.

По говорот таа побара од демонстрантите да се разотидат без насилство.

Околу 30 протести против полициското насилство беа организирани денеска и на други места во Франција, каде што по неколку стотици луѓе се собраа во Марсеј, Нант, Стразбур и Бордо.

Смртта на 17-годишниот Наел М., кој беше убиен од полицаец при сообраќајна контрола на 27 јуни во Нантер, во близина на Париз, беше поттик за пет последователни ноќи насилство и вандализам во парискиот регион и уште неколку града во Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ