сабота, 27 јули 2024

Во отсуство на ТВ дебати со конкурентите, Пендаровски го повика Мицкоски на дуел

Jас сакам вечерва да предложам да имаме вистински дуел, да има реален дуел, не фингиран дуел. Јас предлагам вечерва да излезам на дуел со Христијан Мицкоски, бидејќи очигледно тој е кандидат за претседател. Госпоѓата Сиљановска не ја гледаме каде е, рече вечерва Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, на митингот во Делчево. Пендаровски беше прашан за телевизиски дебати, дали и кога ќе има дебата. Тој образложи дека до овој момент не е договорено да се одржи ниту една дебата.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас бев првиот од седумте кандидати кој уште пред 20 дена предложи т.н. мастер дебата. Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициска партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат. После се пишманија, меѓутоа потоа три од најголемите телевизии, најгледани телевизии во Македонија се откажаа, не знам од кои причини“.

Пендаровски потенцираше дека е подготвен да се соочи со опонентите во кое било време, на кој било терен, на која било телевизија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ