сабота, 27 јули 2024

Во отсуство на Дончиќ, двајца кошаркари на Далас постигнаа над 40 поени за победа! (ВИДЕО)

Далас со 125-120 го победи тимот на Њу Орлеанс, Кајри Ирвинг и Тим Хардавеј беа во центарот на вниманието откако и двајцата постигнаа преку 40 поени.

Објавено на

часот

Сподели

Лука Дончиќ поради повреда го пропушти и синоќешниот меч против Њу Орлеанс, но имаше расположени соиграчи кои ја донесоа победата.

Кајри Ирвинг постигна 42 поени, а Тим Хардавеј имаше само еден помалку од него. Двајцата беа далеку пред останатите, следен кошаркар со најмногу поени кај Далас беше Грин со 13. Најефикасен во составот на Њу Орлеанс беше Вилјамсон со 30 поени.

Лос Анџелес Лејкерс со 112-105 беше подобар од Оклахома. Ентони Дејвис беше најдобар на мечот со 27 поени и 15 скокови, Леброн Џејмс постигна 25 поени. Најдобар во составот на Оклахома беше Вилијамс со 25 поени.

Резултати:
Филаделфија – Хјустон 124-115
Далас – Њу Орлеанс 125-120
Њујорк – Орландо 94-98
Вашингтон – Детроит 117-129
Атланта – Сан Антонио 109-99
Мемфис – Голден стејт 116-107
Кливленд – Чикаго 109-91
Бруклин – Мајами 95-96
Торонто – Бостон 96-105
Јута – Индијана 132-105
ЛА Лејкерс – Оклахома 112-105

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ