недела, 20 октомври 2024

Во Општина Битола поставени 25 табли со брајово писмо

Објавено на

часот

Сподели

„Со поставувањето на овие 24 табли, пред канцелариите во општината и една дополнителна табла на влезот во институцијата, сите напишани со Брајово писмо, во голема мера ќе се олесни пристапот за граѓаните кои имаат оштетен вид, а на тој начин ќе можат самите со доаѓање во општината да се упатат на вистинското место и навремено да ги завршат потребните работи, со нивно директно присуство во институцијата и лесна пристапност до одговорните службеници. Во оваа насока, ќе продолжиме и во понатамошниот период, со реализација и на други проекти и активности за социјална заштита и социјална вклученост на сите граѓани, со акцент на ранливите категории“, рече градоначалникот Тони Коњановски на денешниот настан.

Претседателот на Здружението на слепи лица, Дракче Брдаровски, нагласувајќи ја важноста на овој проект за лицата со оштетен вид, се заблагодари за поддршката од општината и сите учесници во работните активности, а содржината на таблите беше презентирана од Весна Софрониевска, слепо лице, вработена како физиотерапевт во Клиничка болница Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ