сабота, 27 јули 2024

Во Охрид изложба на фотографии од најзначајните културно-историски локалитети во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација на археолошките зони, културно историските споменици, религиозниоте објекти и сите други форми на културно наследство на нашата земја, кои се вистински сензации на изложбите во најголемите европски и културни центри. 

„Со оваа изложба  се афирмираат неколку непобитни историски факти значајни за Република Северна Македонија, дека Свети Климент на возвишението Плаошник над Охридското Езеро создал книжевна школа и универзитет со околу 4 000 посетители, исто како што македонските фрескосликари, во црквата во селото Курбиново, на брегот на Преспанското Езеро и во манстирот „Св. Пантелејмон“ во близина на Скопје, создале дела со кои, всушност, ја навестиле ренесансата, она што е веќе откриено и заштитено во Стоби овозможува да се раскаже една цела оригинална приказна за објектите, вредностите и начинот на живеење во овој некогаш многу значаен град покрај Вардар и во средиштето на Балканот, богатството на артефакти од Плаошник, Хераклеа и на уште голем број археолошки локалитети сведочат за густината на творечките вредности, култури и религии на оваа наша почва, фреските, иконите, резбите и иконостасите од Бигорскиот манастир на прочуените протомајстори Макарие Фрчкоски, Димо Гарката, Дичо Зографот и плејадата нивни ученици и соработници во XIX век се сведоштва за нивниот раскошен, индивидуален авторски гениј“, се наведува во најавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ