сабота, 27 јули 2024

Во Охрид дождот поплави куќи, наврнаа 38 литри на метар квадратен

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид, 38 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролшки работи. Од охридскиот Центар за управување со кризи јавуваат Поројните локални дождови имаше на повеќе места во државата. Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека имале пријави за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул.Стив Наумов. Колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилниот дожд за кусо време.

Објавено на

часот

Сподели

Според мерењата на УХМР, утрово во 8.30 часот, 27 литри на метар квадратен наврнало во Маврови Анови, 23 во Крушево, 17 во Лазарополе, 16 во Штип и Пожаране, 15 во Виница, 14 во Попова Шапка, 13 во Битола и Прилеп, 12 во Дебар, 10 во Куманово, Тетово и Крива Паланка, девет во Скопје-Петровец и Претор, осум во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, седум во Велес, шест во Кавадарци, пет во Пожар, четири во Струмица и Берово и три литра во Дојран и Гевгелија.

УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ