сабота, 27 јули 2024

Во огромен пожар на руски Урал едно лице загина, цели села уништени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

„Пожарот уништи 178 згради, вклучувајќи 134 станбени згради и 32 нестанбени згради“, соопшти Министерството на апликацијата за пораки Телеграм. Пожарот се прошири кон селата Сосва и Тајежни и проголта вкупно повеќе од 11.000 квадратни метри.

На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а небото над Сосва, 1.400 км источни од Москва, го покрива чад.

Едно лице загина во селото Сосва.

Властите не кажаа што го предизвикало пожарот, но истражителите отворија кривични предмети за невнимание и предизвикување смрт од небрежност.

Руските служби за итни случаи соопштија дека повеќе од 380 луѓе биле вклучени во неговото скротување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ