петок, 26 јули 2024

Во објект крај автопатот Гостивар – Тетово пронајден кокаин, уапсени две лица

По претрес во угостителски објект крај автопатот Гостивар – Тетово полицијата влегла и во помошен објект, каде е пронајден кокаин.

Објавено на

часот

Сподели

„Ноќеска во 1.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.С.(29) од с.Чегране-гостиварско и В.А.(49) од с.Неготино-гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во помошен објект до угостителски објект во кој претходно била спроведена акциска контрола, а кој e лоциран покрај автопатот Гостивар-Тетово во атарот на с.Неготино-гостиварско бил пронајден и одземен кокаин. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Исто така, во угостителскиот објект полициски службеници од СВР Тетово ја привеле С.П.(26) од Р.Албанија поради непријавен престој на подрачјето. Таа била задржана во полициската станица Гостивар за понатамошна постапка“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ