среда, 23 октомври 2024

Во нуклеарната централа Запорожје изби пожар, ИАЕА соопшти дека нуклеарната безбедност не е загрозена

Пожарот кој беше предизвикан со напад на дрон во Запорожје е „целосно изгасен“, изјави денес шефот на руската администрација во окупираниот украински регион, Владимир Рогов.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат дека синоќа предизвикале пожар во системот за ладење на нуклеарната централа.

„Пожарот кој изби во кулата за ладење на нуклеарната централа Запорожје по напад на украинските оружени сили е целосно изгасен“, кажа Рогов.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „руските окупатори го предизвикале пожарот“.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), која има свои луѓе на лице место, соопшти дека не е загрозена нуклеарната безбедност и дека шесте реактори се изгасени.

„Експертите на ИАЕА виделе црн чад како излегува од северниот дел“ на централата откако синоќа слушнале „повеќе експлозии“, а управата ги информирала дека „се сомнева на напад со дрон“ на една од двете кули за ладење, соопшти ИАЕА.

Централата во Запорожје од март 2022 е под контрола на руските сили. Се наоѓа во Енергодар, на брегот на Дњепар, реката која е линија на фронтот меѓу руските и украинските сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ