четврток, 9 јануари 2025

Во новоотворениот скијачкиот центар Михајлово активности за заштита од екстремни температури

Превентивна активност за заштита од екстремни температури се реализираше денеска на скијачкиот центар Михајлово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи – Југ, во соработка со локалната власт во општина Кавадарци, денеска на ски-центар „Михајлово“, со посетителите на центарот, како и со жители на околните места кои гравитираат околу Михајлово, спроведоа превентивна активност фокусирана на заштита од екстремни температури“, појаснуваат од МВР.

Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, преку практични и показни активности, укажувале како луѓето можат и треба да се заштитат во околности на екстремни временски услови и непогоди, особено при снежни наноси и мраз, потоа како да се пружи прва помош во насока на превенирање на потенцијалните опасности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ