сабота, 19 октомври 2024

Во новата кампања на Скопско: Симон Трпчески открива што ја прави македонската песна посебна

Објавено на

часот

Сподели

Од Пивара Скопје велат дека токму уникатиот македонски ритам, кој бил и ќе остане инспирација за многу наши и светски музичари, е основа на нашата посебност, која оттаму се отсликува и во природните убавини, во вкусот на храната, во духот на нашите луѓе и нивното заедништво, како и во многу други нешта.

„Нашата музика е тоа што најдобро нѐ претставува во светот, а еден од нејзините најголеми промотери е токму маестро Симон Трпчески. „Македонисимо“ ја издигна таа промоција на едно високо ниво и уште еднаш му покажа на светот дека тука живееле и живеат луѓе со голема душа, кои и покрај сите предизвици се одржале заедно и зад себе оставиле наследство со огромна вредност“, изјави Марта Завкова, бренд менаџр за Скопско.

ск

За маестро Трпчески, оваа соработка е природна затоа што Скопско и „Македонисимо“ се дел од нашиот идентитет и имаат моќ да нѐ соберат на иста маса, од убавите моменти да направат совршени сеќавања, од секојдневниот оброк гурманско доживување, а од обичната собиранка – дружба за паметење. Тие се сѐ она што сме ние, Македонците.

А како изгледа кога енергиите ќе се спојат на иста бранова должина и ќе создадат нешто убаво и неповторливо, погледнете во видео спотот:

                                                                                                                                Комерцијален текст

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ