Нападот ја потресе земјата во која ретко се случуваат убиства на полицајци на должност. Постар-наредник Лин Флеминг стана првата полицајка во историјата на Нов Зеланд која загинала како жртва на кривично дело додека била на должност, соопшти денеска новозеландската полиција.
Во нападот во средата, возило со голема брзина удрило во полицајците додека тие вршеле рутинска патрола на паркинг, а потоа возачот се свртел и удрил во полициското возило, изјави полицискиот комесар Ричард Чемберс за новинарите во градот Нелсон на Јужниот остров. Флеминг почина во локалната болница неколку часа подоцна.
Во инцидентот повредени се и двајца случајни минувачи.
Полицијата го уапси 32-годишниот маж осомничен за повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство и обид за убиство.
Пред средата, последното убиство на полицаец на должност во Нов Зеланд се случи во 2020 година, кога полицаец беше застрелан од возач во бегство. Според полициските записи, од 1890 година, 33 полицајци загинале како жртви на злосторства додека биле на должност.
Флеминг беше полицаец 38 години и долгогодишен нетбол тренер во локалното женско училиште. „Таа беше мајка, сопруга и добро позната, високо почитуван член на заедницата Нелсон“, рече Чемберс.