Кралот на Маорите Тухеитија Поотатау Те Вирохеро почина на 30 август, само неколку дена по прославувањето на 18-годишнината од неговото крунисување. Текау-маа-руа, совет од 12 претставници, ја прогласи неговата 27-годишна ќерка Нга Ваи Хоно И Те По за нов монарх. Таа е осмиот монарх на Маорите и втора жена што ја има оваа титула.
Првата жена на таа позиција беше нејзината баба Те Арикинуи Те Атаирангикааху која почина во 2006 година.
Улогата на маорскиот монарх не е автоматски наследна, но сите претходни кралеви и кралици биле директни потомци на своите претходници.
We in Aotearoa celebrate and proudly present to the world the new Māori Queen Nga wai hono i te po. She takes over the reign from her father, King Tuheitia, the Māori King, who will be laid to rest later in the day alongside his mother,
Te Ariki Kinui Dame Te Atairangikaaahu. pic.twitter.com/BHDIFgNYQw— Lea Cowley✌️ (@LeaCowley) September 4, 2024
Новата кралица беше крунисана на церемонија позната како Те Вакавахинга, додека десетици илјади луѓе се собраа на погребот на починатиот крал Тухеитија. Неговиот ковчег беше однесен по реката Ваикато со флота кануа до неговото последно почивалиште на врвот на светата планина Таупири.
Илјадници луѓе се построија по патиштата и реките што водат до планината, изведувајќи хака (церемонијален танц) и вајата (пеење) за да се збогуваат со кралот. Неговата вдовица беше придружувана до планината од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд и колона од 100 велосипедисти, пред ковчегот на кралот да биде пренесен до врвот со јажиња.
Puhi Ariki Ngawai Hono i te Po Paki
now
Kuini Nga wai hono i te po pic.twitter.com/qZClYOFCmh— Mark Bell (@MarkBell5) September 4, 2024
Новозеландскиот премиер Кристофер Луксон во изјава рече дека кралот имал големо влијание врз многу животи.
„Киинги Тухеитија беше скромен лидер кој му служеше на својот народ со мудрост, мана (авторитет) и непоколеблива посветеност на Котахитанга (единството)“. Новата кралица ќе ја носи „мантијата на лидерство што ја остави нејзиниот татко“, рече Луксон. „Патот пред нас е осветлен со големото наследство на Киинги Тухеитија“.
Киингитанга (Движење на маорските кралеви) е основано во 1858 година со цел да ги обедини Маорите под еден суверен. Маорските монарси немаат правна моќ, но играат голема симболична и културна улога на единство и имаат национално влијание.