недела, 20 октомври 2024

Во ноќен клуб во Желино фатени девојки без документи од Србија, Украина и Албанија

Полицијата спроведе акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот.

Објавено на

часот

Сподели

При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ