Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
„Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни“, изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев.
Општина Неготино лани купи возило Грин машинс и додека во текот на целата година свиперот ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег, соопшти компанијата Брако.