сабота, 27 јули 2024
Претерал со алкохолот на прославата на титулата

Во неделата освои злато со Франција, во вторникот заврши зад решетки поради обид за силување

Францускиот ракометар Беноа Кунку во вторникот завршил зад решетки поради обид за силување, инцидентот се случи само 48 часа по тримфот на „триколорите“ на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Неколку извори од Франција пренесоа дека ракометарот Беноа Кунку завршил зад решетки поради обид за силување.

Инцидентот се случил во вторникот наутро, неполни 48 часа по триумфот на Европското првенство.

„Триколорите“ во понеделникот попладнето беа примени од претседателот Емануел Макрон, а потоа Беноа Кунку продолжил во ноќен клуб, каде малку повеќе претерал со алкохолот. Се говори дека во еден момент тој ги спуштил фармерките и се обидел да силува млада девојка.

Обезбедувањето веднаш реагирало, а била повикана и полиција, која го сместила ракометарот зад решетки и отворила официјална истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ