Неколку извори од Франција пренесоа дека ракометарот Беноа Кунку завршил зад решетки поради обид за силување.
Инцидентот се случил во вторникот наутро, неполни 48 часа по триумфот на Европското првенство.
„Триколорите“ во понеделникот попладнето беа примени од претседателот Емануел Макрон, а потоа Беноа Кунку продолжил во ноќен клуб, каде малку повеќе претерал со алкохолот. Се говори дека во еден момент тој ги спуштил фармерките и се обидел да силува млада девојка.
Обезбедувањето веднаш реагирало, а била повикана и полиција, која го сместила ракометарот зад решетки и отворила официјална истрага.