петок, 25 октомври 2024

Во најтоплите градови и вчера измерени над 40 степени, Скопје шести најтопол град во Европа

Скопје вчера било шестото најтопло место во Европа, со 41,7 степени, според податоците на метеоролошката служба Огимет.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Најтоплите места во Европа според Огимет вчера биле градовите Ајдин и Маниса во Турција со 42,8 степени.

Во 14 часот на третото место се најде Зеница (Босна и Херцеговина) со 42,7 степени, Денизли во Турција е четврто со 42,1 степен, а Мостар (Босна и Херцеговина) е петти со 42 степени.

На шестото и седмото место со 41,7 степени се Скопје и Ахисар (Турција).

На осмото, деветтото и десеттото место се Адијаман и Батман од Турција и Ѓирокастро од Албанија со 41,6 степени.

Огимет, веб-страница што објавува стручни информации за метеоролошките услови во светот, собира температурни вредности на 2.809 станици во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ