сабота, 18 мај 2024

Во МРТ се снима соочувањето на седумте кандидати за претседател, ќе се емитува вечерва

Македонската радио телевизија на својата интернет страница објави фотографија од соочувањето на седумтемина кандидат за функцијата претседател на Македонија, што ќе се емитува вечерва со почеток во 20 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Дебатата нема да се емитува во живо имајќи ги предвид веќе закажаните обврски на претседателските кандидати, а уште повеќе затоа што до вчера и не се знаеше со сигурност дали дебата во „комплетен состав“ воопшто ќе има. Вчера кандидатот Стево Пендаровски соопшти дека ја прифатил поканата и појасни дека и самиот бил иницијатор за мега-дебата но исклучиво со сите противкадидати.

Ќе дебатираат Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Билјана Ванковска, Стевче Јакимовски и Максим Димитриевски.

Водител на дебатата е уредникот на информативната програма на првата програма на Македонската телевизија, Стојан Трпчевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ