сабота, 27 јули 2024

Во Москва се одржа воената парада, списокот на гости скратен (ФОТО+ВИДЕО)

На Црвениот плоштад во Москва се одржа воена парада по повод 79-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На парадата во Москва учествуваа повеќе од 9.000 луѓе, меѓу кои повеќе од 1.000 учесници во „специјалната воена операција“, односно борци во војната во Украина, како и повеќе од 70 парчиња техника и две воздухопловни групи на пилотската акробатика на руските Воздухопловни сили – „Руски витези“ и „Стрижи“.

Фото: ЕПА

Небото над Црвениот плоштад беше обоено со боите на знамето на Руската Федерација од група од шест јуришни авиони Су-25БМ.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу накратко разговараа по парадата.

Путин накратко разговараше и со војниците што учествуваа на парадата.

Тој изврши смотра како врховен командант на руската армија, а на свечената парада присуствуваа и претседателите на Белорусија, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан, Куба, Лаос и Гвинеја Бисао. Рускиот претседател пред воената парада го честиташе Денот на победата, велејќи дека Русија ќе направи сѐ за да спречи глобален конфликт, но и дека нема да дозволи некој да ѝ се заканува.

Фото: ЕПА

Како што беше претходно објавено, Русија не покани на парадата амбасадори и претставници на земјите што ги смета за непријателски.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави за ТАСС дека претставници од „непријателските земји“ не се поканети на парадата трета година по ред.

Фото: ЕПА

„Не се поканети од 2022 година затоа што режимите во тие земји водат, ајде тоа да го формулираме како непријателска политика, тоа е терминот што е воведен, но тие всушност водат агресивна политика кон нашата земја, а ние ја формулираме како хибридна војна“, изјави Захарова.

Според неа, Русија на парадата поканила организации на борци од „непријателските земји“. Низ Русија денеска се одржуваат воени паради по повод 79-годишнината од победата над фашизмот, а најголемата традиционално се одржува во Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ