Во полициско соопштение се наведува дека фрагментите биле пронајдени синоќа во близина на селата Етулија и Владицени, а на нив стои натписот Херан-2, друго име за беспилотните летала Шахед од иранско производство што ги користи Русија во конфликтот со Украина.
Фрагментите се пронајдени на околу 500 метри од границата со Украина, во област со ограничен пристап, а во остатоците немало опасни елементи и немало никаква опасност за жителите на областа, пренесува Ројтерс.
⚡️Fragments of a #Shahed drone used by Russia to carry out strikes have been found in #Moldova, 500 metres from the border with #Ukraine.
The special services have arrived at the scene, as reported by European Pravda, citing Moldovan border police. pic.twitter.com/jqb7UpHZxi
— KyivPost (@KyivPost) April 4, 2024
На територијата на Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, досега неколку пати биле пронајдени фрагменти од руски дронови и проектили.
Фрагменти од дрон биле пронајдени и претходно во близина на истите села.
Молдавската претседателка Маја Санду ја осуди руската операција во Украина и ги издвои Москва и корупцијата како две најголеми закани за суверенитетот на нејзината земја, пишува Ројтерс.
Агенцијата додава дека Санду како своја главна политичка цел го постави стремежот за влез во Европската унија.