сабота, 27 јули 2024

Во Милка орео е пронајдена пластика, чоколатцата се повлечени од продажба

37-грамските чоколатца Милка орео се повлечени од продажба, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

 

Фото: АХВ

Објавено на

часот

Сподели

„Повлекувањето се однесува за производот под назив чоколаден бар Милка орео 37 грама со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18 август 2024, од производителот Монделез Полска Продакшн СП Зоо“, пишува во соопштението на АХВ.

Според АХВ, причина за повлекувањето од продажба на овој производ е што во него биле пронајдени „пластични фрагменти“.

Увозник и дистрибутер на овие чоколади е компанијата ТД Нелт СТ ДООЕЛ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ