среда, 15 јануари 2025

Во МЕПСО вработија еднаш веќе разрешен директор, Битиќи вели дека е неетички

Објавено на

часот

Сподели

Ваквите случаи треба да доведат до нови ограничувања за менаџерските договори откако оваа влада уште лани направи ревизија на низа такви  договори, одговори денеска Битиќи на новинарско прашање за овој случај. Веројатно порано некој ги подучил да потпишуваат менаџерски договори со клаузули. Повеќето менаџерски договори во сите акционерски друштва се ревидирани со намалување на привилегиите на менаџерите. Јас се согласувам дека тоа треба и понатаму да се регулира затоа што еднаш разрешен човек, веројатно, се разрешува поради тоа што не можел да го исполни очекувањето од работното место. Би било нелогично и дури неетички да се врати на истото работно место“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој најави дека ако е потребно, Владата може да побара објаснување од МЕПСО зошто на истото работно место е вратен директор кој еднаш бил разрешен.

Сите се согласни дека ваквиот начин на функцонирање на друштвата во државна сопственост мора да се промени, а Битиќи пак тврди дека до сега се ревидирани низа менаџерски договори и дека се намалени привилегиите на менаџерите.

Томи Божиновски бил директор на ИТ секторот во МЕПСО, бил разрешен, по што добил и отпремнина, па работел во Марнет. Сега повторно е назначен за директор на ИТ секторот во МЕПСО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ