вторник, 22 октомври 2024
Во организација на Македонската православна општина

Во Мелбурн свечено одбележана 121-та годишнина од Илинденското востание и 80 години АСНОМ

Сто дваесет и една година од Илинденското Востание и 80 години од АСНОМ вчера беа одбележани во Мелбурн. „Востание на еден мал народ за својата голема слобода, загушено во крв и солзи, но и никогаш незгаснати надежи“, е пораката, меѓу другото на заменик секретарот на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија, Ицо Најдовски Перин.

Објавено на

часот

Сподели

„И како што запиша Прличев во ‘Сердарот’, обичниот Македонец се прашува: “… Дали ќе биде празник, и каде ќе биде, и кој ќе го слави?! . Оти времето врви и врви, а нашите соседи по стариот добар обичај, и со АМИН од квинслишката влади, како онаа на Зоран Заев, веќе длабоко навлегоја во програми, одлуки и договори за одбележување на Илинденското востание од златното минато на Македонија. Да не ни се случува ‘Сердаровата’ антитеза како со Талат Џафери кога зборуваше на Мечкин Камен а бугарскиот премиер Бојко Борисов зборуваше во Скопје, а тоа беше: ‘Нит беше празник, нит се знае кој го славеше’! Македонскиот народ сигурно своето ќе си го направи во најубав ред и со најубав адет, исто онака како што пред точно 121 год тргна да ја ослободува Македонија. А, празниците како „ Илинденското востание” се многу ретки. Во умни и здрави земји, со истории и традиции, овие настани се дочекуваат и слават како “велигденски јајца” за Велигден, за нив континуирано се зборува, организирано се приоѓа и маестрално се слави“, додаде Најдовски Перин.

Тој вели дека кај нас Илинден и АСНОМ е толку далеку како никогаш досега и никогаш не биле позапоставени како национални празници на Македонскиот народ.

 

„ Сакам новата влада на Македонија на чело со премиерот Христијан Мицковски и претседателката Гордана Силјановска Давкова да го вратат на свое место значењето на Илинден 1903-та и АСНОМ 1944-та. Сакаме нашата татковина Македонија да се занимава со Македонските работи, како што рекол Мисирков, а не со обврските на предавничкиот Преспански Договор со Грција, Добрососедскиот договор со Бугарија, Законот за двојазичност и незаситените барања на албанскиот политички блок, но мора таа држава и тој врв да ни каже на сите, ќе ја славиме историјата на Македонскиот народ или ќе ја славиме Заевата историја? По сите правила и закони не може и не смее ништо да има поголеми приоритети од прославата на Илинденското востание, но Илинденското востание и паднатите борци се заборавени а главни обврски на предавничката блада на Заев се Охридскиот договор, Тиранската платформа, Договорот со Бугарија и Договорот со Грција. Македонскиот народ во Македонија е збунет, а збунети сме и ние: молчи Претседателот на државата, молчи Владата, молчат институциите, но весели се во Бугарија, Грција, Албанија и Србија… За жал, ние сме народ подложен да ни се фрла ‘пепел в очи’, мудриот Черчил ќе речи: формирале нешто за да не се – одбележи! Неминовно се наметнува прашањето: кој ќе ги одбележи 121-те години Илинден и каде? Можеби Грците во Солун, можеби Бугарите во Софија, можеби Србите во Белград, а не е чудно и Албанците во Тирана! Едно е сигурно, Македонците од Австралија никогаш нема да го понижат Илинденското востание и АСНОМ“, завршува Најдовски Перин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ