Тоа беше натпревар кој се играше 90 минути, односно три полувремиња по 30 минути со цел сите ракометари да добијат поголема минутажа.
Македонија на подготовките во Србија ќе одигра уште два натпревари. Утре ќе се сретнеме со Динамо Панчево, а на 29. декември со Саудиска Арабија.
Македонската репрезентација на 15. јануари го почнува настапот на Светското првенство, прв противник ни е Унгарија, а во нашата група се уште и селекциите на Холандија и Гвинеја. Натпреварите ги играме во Вараждин.