сабота, 27 јули 2024

Во меч со седум гола Жирона во 91. минута го победи Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Жирона со 4-3 го победи Атлетико Мадрид и уште еднаш покажа дека не е случајно во врвот од Ла Лига.

Објавено на

часот

Сподели

Жирона и Атлетико Мадрид одиграа спектакуларен натпревар со идеален финиш за домаќините.

Резултатот беше отворен уште во втората минута кога Валери погоди за водство на Жирона од 1-0, а израмнувањето стигна во 14. минута кога Мората погоди за 1-1.

Следуваа два гола на домаќините, најпрво Савио го врати водството во 26. минута, а во 39. минута Блинд погоди за предност и од 3-1.

Пет минути подоцна Мората намали на 3-2, до крајот на полувремето тој постигна уште еден гол, но му беше поништен поради офсајд.

По девет минути игра во вториот дел Мората постигна нов гол, негов хет-трик за израмнување на 3-3.

Се чинеше дека така и ќе заврши мечот, но во 91. минута Мартин даде гол за победа на Жирона од 4-3.

По 19 одиграни кола Реал Мадрид и Жирона имаат по 48 бодови, Атлетико Мадрид има 38 колку што и Барселона, но Каталонците имаат натпревар помалку, утре му гостуваат на Лас Палмас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ