сабота, 27 јули 2024

Во меч со седум гола Ливерпул го победи Норич во ФА Купот (ВИДЕО)

Во меч со седум голови, Ливерпул со 5-2 славеше над Норич и избори место во осминафиналето од ФА Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше емотивен бидејќи беше прв за Јирген Клоп по неговата објава дека по крајот на сезоната заминува од кормилото на Ливерпул.

Црвените беа доминантни, ја оправдаа улогата на фаворит и се пласираа во следното коло од ФА Купот.

Џонс во 16. минута донесе водство, но шест минути подоцна Џибсон изедначи на 1-1. Сепак Ливерпул имаше предност на полувремето бидејќи Дарвин Нуњез даде гол за 2-1.

По осум минути игра во второто полувреме Диого Жота погоди за 3-1, а Ван Дајк во 63. минута зголеми на 4-1.

Шест минути подоцна Саинц намали на 4-2, длабоко во судисокото продолжение Гравенберх ги постави конечните 5-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ