понеделник, 21 октомври 2024

Во меч со осум гола, Арсенал ја победи Барселона (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барселона добро го отвори мечот, поведе со гол на Левандовски уште во седмата минута, но само шест минути подоцна Сака искористи една грешка на противникот и изедначи на 1-1.

Во 22. минута Сака имаше шанса од пенал да постигне и втор гол, но го изведе многу лошо, го промаши целиот гол.

Десетина минути подоцна Рафиња даде гол од слободен удар со помош на живиот ѕид и донесе ново водство на Барселона.

Пред самиот крај на првото полувреме Каи Хаверц постигна гол и изедначи на 2-2. Со тој резултат се замина на одморот.

Во вториот дел Тросар стапи на сцена постигна два гол за предност на Арсенал од 4-2.

Во 88. минута Феран Торес намали на 4-3, но сите надежи за реми на Барселона ги сруши Фабио Виеира две минути подоцна со најубавиот гол на мечот поставувајќи ги конечните 5-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ