Вистинско чудо е што овој натпревар заврши со само два гола со оглед на тоа што и двете екипи имаа по 17 шута кон противничкиот гол.
Резултатот го отвори Калулу кој по девет минути игра во второто полувреме даде гол за водство на Јувентус од 1-0.
Во 78. минута нововлезениот Ретеги погоди за 1-1 и покажа колку и недостасуваше на Аталанта во последните мечеви кои ги пропушти поради повреда.