петок, 26 јули 2024

Во меч кој траеше до три часот по полноќ, Ѓоковиќ го победи Мусети

Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети одиграа спектакуларен меч кој траеше до нешто после три часот по полноќ, најголем дел од публиката си замина, но тие мораа да доиграат до крај, на крајот српскиот тенисер славеше во пет сета, 3-2 (7-5, 6-7, 2-6, 6-3, 6-0).

Објавено на

часот

Сподели

Иако веќе беше доцна, организаторот реши мечот меѓу Ѓоковиќ и Мусети да почне. Тогаш беше 22:37 часот.

Српскиот тенисер добро почна, го доби првиот сет со 7-5 и имаше водство во вториот со 4-1, но Мусети успеа да се врати, го врати загубениот сервис, па во тајбрејкот победи со 8-6 и израмни на 1-1 во сетови.

Следуваше најдобриот сет на Мусети, Италијанецот го доби со 6-2 и поведе со 2-1 во сетови.

Но, Новак Ѓоковиќ многупати покажал дека знае да се врати од негатива, така беше и овојпат. Србинот го крена нивото, ги доби следните два сета со 6-3 и 6-0 и го доби мечот кој траеше до 3:07 минути по полноќ.

Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра против Аргентинецот Серундоло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ